Струга, 21. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – 56-годишниот Р.К. од струшкото село Џепин, вчера околу 12:00 часот, додека собирал дрва во селото Корошишта, бил пристинат од едно дрво, по што починал на местото.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар од Струга.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица од Струга, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36