Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како и секоја година, така и оваа, нема да изостане традицијата на патувачката мисија на Малиот битолски Монмартр.
Детскиот ликовен настан, започнува денес во Битола, а потоа дел од младите сликари ќе имаат посета на Вевчани и Охрид. Ликовниот караван ќе се одвива низ улиците на Вевчани и Охрид.
Годинава пристигнале 10.000 цртежи од 32 земји, а ќе учествуваат 90 гости од 14 земји.
Гран-при доби екипата од Словачка, која по трет пат го постигна овој успех. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21