мај 23, 2017

Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најавена е изградба на Еко-музеј во селото Белчишта.

Проектот предвидува уредување и заштита на Белчишкото блато и пренамена на стариот училишен интернат во Белчишта. Целокупната флора и фауна во блатото ќе биде предмет на сеопфатна анализа, а заедно со изведбата на Еко-музејот ќе се обучат и 10 туристички водичи низ блатото. Овој проект ќе има потенцијал да го заживее руралниот туризам во Белчишта, кое е лоцирано на само десетина километри од Охрид.

Проектот ќе се реализира со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија. Локалните власти од Дебарца добија 241.000 евра за реализација на проектот во наредниот период. (Крај)

извор: Build.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука