Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на утрешниот празник на Светите Кирил и Методиј, Средното општинско стручно училиште од Охрид, кое го носи името на светителите, годинава по трет пат ќе го прослави својот патронен празник, откако функционира како самостоен правен субјект.
Вечерва со почеток во 18 часот во фискултурната сала во училиштето, ќе се одбележи патронатот со пригодна свеченост која ја организираа самите ученици.
Предвидено е обраќање на директорката на училиштето, Славица Костоска, а ќе има и богата музичка и забавна програма. Учениците ќе ги исполнат бројни музички, драмски и културни точки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19