Охрид, 24. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународна школа за итна медицина ќе се одржи летово во Охрид.
Настанот ќе се одржува од 5 до 9 јули, а во организација на Универзитетот од Глазгов.
Меѓународната школа за итна медицина, е наменета за студенти, а ќе бидат обработени повеќе теми: толкување на ЕКГ, имобилизација, интубација, трахеотомија, реанимација и друго.
За студентите, организаторите ќе организираат и натпревари и забавни активности. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29