мај 23, 2017

Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Услужниот сектор во последните години, значајно се развива, а тоа е уште една можност за вас, како диломирани да ја пронајдете Вашата идна струка, рече Проф. Д-р Цветко Андреевски, декан на Факултетот за туризам и угостителство Охрид.

diplomiraniftu2

На свеченоста по повод доделувањето на дипломите на студентите, кои годинава го завршуваат високото образование на оваа високонаучна установа, деканот Андреевски додаде дека оваа година на факултетот дипломирале исклучителни млади луѓе, кои покажале покрај солидни резултати во студирањето, туку во голем број се вклучиле во меѓустудентските размени и програми.

diplomiraniftu3

– Како што растеше факултетот со бројот на студиски програми, така имаме дипломирани менаџери од различни области, меѓутоа заедничко за сите нив, е тоа што се сите дел од услужните дејности. Услужниот сектор во последните години, значајно се развива, а тоа е уште една можност за вас, како диломирани да ја пронајдете Вашата идна струка. Дел од студентите искористија добар дел од привилегиите кои ги нудеше висото образоание, дополна проф. Д-р Андреевски.

diplomiraniftu5

Професорите од факултетот им порачаа на студентите да го чуваат достоинството на нивната стекната диплома. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука