Охрид, 24. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес беше регистриран денес во 12:30 часот во соседна Албанија. Истиот беше почувствуван и во поширокиот регион на Охрид.
Според податоците од Европскиот- медитерански сеизмолошки центар земјотерсот со јачина од 4.4 степени е регистриран на 43 километри северо-источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
14 минути претходно во Албанија бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 2,8 степени на 41 километри северо-источно од Тирана. (Крај)
извор: ТвНова фото: архива
Прочитано: 19