Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Клуб на новинари во Скопје, во сабота, 27-ми мај по 22:30 часот ќе биде прикажана монодрамата „Јас сум Григор Прличе“, напишана од охриѓанецот Агрон Биба.
Авторот Биба инспирацијата за ова дело ја наоѓа во животот на неговиот сограѓанин Прличев. Атина, во 1860 година е во потрага по својот идентитет, и наликува на Скопје во 2014 година. Агрон Биба, во Охрид и Скопје се чувствува како Григор Прличев во Охрид и Атина.
И Агрон си ги наоѓа својот Мелетије и Александрос Ривас Рангавис. Името, јазикот и културата на Агрон се потценува на сличен начин како името, јазикот и културата на Григор во истиот град 150 години подоцна. Затоа, Агрон заклучува дека тој е душевен наследник на Прличев, и гордо изјавува: „Јас сум Григор Прличе!“.
Монодрамата беше промовирана во во ГЕМ Центарот во Скопје минатата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива