Охрид, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за бизнис психологија „Системски & НЛП“ во соработка со меѓународни професионалци, деновиве во Охрид организира инспиративни работилници.
Работилниците ќе се одржуваат од денес до 28-ми мај во хотел „Гранит“ во Охрид и ќе бидат под мотото „Just Me“.
Предавачи ќе бидат меѓународни тренери. Организаторите најавуваат дека фестивалот е наменет за сите љубопитни трагачи и за останатите кои што чувствуваат потреба за промена, за оние кои што сакаат активно да се вклучат во креирањето на својот живот, да ги оставарат своите лични и професионален цели. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27