мај 26, 2017

Охрид, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид изминатите 24 часа наврнале 18 литри дожд на метар квадратен, соопшти УХМР.

Во однсо на температурата, утрово во Охрид беа измерени 9 степени Целзиусови.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, изразен во северните делови.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 25 степени.

Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука