мај 26, 2017

Охрид, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишниот Д.Ш., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба”.

Пријавениот во својство на сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон” од Охрид, подолг временски период, починатите лица, за кои вршел погребални услуги, наместо да ги однесе во капела ги оставал во комбето кое го паркирал во кругот на неговото претпријатие.

Починатите ги пренесувал и ги погребувал по селата, а на семејствата на починатите, за превоз до градските гробишта, влез во градските гробишта и чување на телото на починатите лица во капела, им наплаќал одредена сума на пари.

Согласно Закон за гробишта и погребални услуги, пријавениот бил должен телата на починатите лица да ги однесе на чување во капела во ЈП „Градски гробишта”, да ги подигне од таму и да ги транспортира до гробиштата каде што е закажан погребот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука