Охрид, 27. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на чествувањата за празникот посветен на македонските и сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј, вечерва во црквата Св. Софија во Охрид ќе се одржи концерт на македонски пијанисти.
Станува збор за традиционална прослава на нашите духовни татковци Свети Кирил и Методиј со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. д-р Даниел Чуркоски.
Воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапат и актерот Јован Цветкоски и сопранот Галина Куценко.
Во 19:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, по што од 19:30 часот ќе започне програмата во црквата Св. Софија.
Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива