мај 27, 2017

Охрид, 27. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во објектот на лаунџ – барот NOA, вечерва концерт пред охридската публика ќе одржат Чалгија саунд систем.

Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација. Во музичкиот состав членуваат: Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут.

Како што велат самите членови на групата, нивната идеја за овој проект не беше само да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, туку и да создаваат свои авторски композиции во тој дух.

Чалгијата е музичка форма и состав којшто е карактеристичен за градските средини на територијата на Македонијa и се јавува некаде во XVII-от век, својот врв го доживува кон крајот на XIX-от, за во средината на XX-от век полека да почне да замира.

Настапот ќе биде со почеток во 21:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: NOA

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука