Охрид, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 10 и 11 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одржи Семинар на ракометни тренери.
Семинарот е под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија.
Воведен збор на отворањето на семинарот на 10 јуни, ќе има проф. Д-р Гино Стрезовски. Драган Начевски ќе одржи предавање на тема: „Правила на ракометна игра“, додека за „Подготовка на индивидуална одбрана“, ќе говори Владимир Глигоров.
Марко Шибала двата дена ќе одржи повеќе предавања: „Скок удар на гол“, „Модерна флексибилна тактика на зонска одбрана“, „Приказ на вежби за развој на специфична издржливост на ракометарите“ и „Приказ за можна соработка на напаѓачот во напад против зонска одбрана“.
Данило Брестовац ќе одржи вежба Теоретска и практична подготовка на голман.
Последниот ден од семинарот ќе бидат доделени сертификати. (Крај)
извор: macedoniahandball фото: архива