Охрид, 27. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 1 до 4 јуни во Охрид ќе се одржи Четвртиот Конгрес на оториноларингологија со меѓународно учество.
Настанот е во организација на Здружението на лекари по оториноларингологија на Македонија и Универзитетската клиника за оториноларингологија.
Учесниците ќе имаат можност за размена на информации за истражувањата и развојот во сите полиња на оториноларингологијата, преку директна интеракција со научници и практичари од оваа сфера, како од земјата така и од странство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42