Кочани/Охрид, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тринаесет претстави, од кои четири за деца и за младинци, се најдоа во конкуренција за награди на 53 Драмски аматерски фестивал на Македонија (ДАФ), што од утре до 3 јуни, ќе се одржува во Кочани.
Претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски што во охридскиот театар „Аматер“ ја постави Јован Цветковски, ќе биде дел од овој фестивал.
НАТГ „Аматер“ е охридска независна, аматерска театарска група, која досега изработила неколку различни театарски проекти.
Во рамките на манифестацијата е планирано да се одржат и три промоции на книги, а во чест на наградените со ликовен перформанс ќе се претстави македонскиот уметник Сергеј Андреевски.
Планирано е да бидат прикажани 13 претстави на аматерите од Република Македонија и од соседна Србија, од кои дури четири наменети на децата и на младите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива