мај 27, 2017

Охрид, 27. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Камион удри во патничко возило, нешто после 18:00 часот, на улицата „Железничка“, на крстосницата кај поранешната фабрика „Илинден“.

Очевидци за Супер радио велат дека во моментот на незгодата работеле семафорите, кои неодамна беа пуштени во работа.

Инцидентот се случил, кога, од овој момент непознати причини, камион удрил во возило марка Volkswagen Passat. До овој момент нема информации за повредени лица, а во инцидентот е предизвикана материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука