мај 28, 2017

Охрид, 28. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – 26-годишниот В.О. од Струга, околу 04:10 часот пријавил во Полициската станица во Охрид дека заедно со неговите другари Ж.М. и Н.П., исто така од Струга, биле нападнати пред кафе бар во Охрид.

– Во објектот тие со возило пристигнале околу 01:45 часот, по што на В.О. му пришло лицето А.А. од Охрид со кого се познавал и побарал да излезе надвор. Во еден момент тој физички го нападнал и го удрил со тупаница во пределот на стомакот. Во тој момент неговите другари го отргнале, но А.А. физички го нападнал Н.П. удирајќи го со тупаници. Од страна на обезбедувањето на објектот сите лица биле остранети надвор, но А.А. заедно со уште неколку други лица почнале да ги бркаат кон возилото и со камења почнале да фрлаат оштетувајќи го истото, информираат од МВР.

Потоа, лицето В.О. со возилото се упатило кон Полициската станица во Охрид за да го пријави настанот, но бил следен од возило кое го пресретнало и од истото излегле четири лица кои повторно почнале да фрлаат со камења, при што му го оштетиле возилото. Откако биле забележани од страна на полициски службеници, истите се дале во бегство.

Од СВР Охрид се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука