мај 29, 2017

Охрид, 29. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Град од мала држава, во Западен Балкан. Место на природна убавина и културно наследство. Место каде што можете да пливате во небесно синото езеро и да слушате прекрасна традиционална музика. Тоа е градот Охрид, во Република Македонија“, пишува Дејвид Мирабела, светски туристички патник.

Тој додава дека патувал во повеќе од 50 земји.

Според впечатокот кој му го оставил Охрид, градот го сместил во листата на места кои се најубави за посета за време на летото.

Тој својата посета во Охрид ја реализирал пред неколку години и посебен впечаток му оставил фактот што градот имал донекаде медитерански дух, а од друга страна, се забележувале остатоците од Отоманскиот период.

Неговите препораки за посета на Охрид се активностите на плажа, возењето велосипед по бреговата линија или прошетка до националниот парк.

Ја издвојува и архитектурата, која се отсликува преку многуте православни цркви и манастири. (Крај)

извор: ОхридПрес/quora фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука