мај 29, 2017

Охрид, 29. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 3-ти јуни, Охридскиот народен театар ќе прослави шест години од своето постоење.

По тој повод, актерите ќе ја изведат претставата “Аналфабет”, работена според текстот на Бранислав Нушиќ, под режисерската палка на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Влезните билети ќе се продаваат со специјален роденденски попуст по цена од 100 денари.
Со оглед на тоа што во претставата се користат пиротехнички средства, таа не е дозволена за деца под 14 години.

Инаку, со претставата “Аналфабет”, Народниот театар Охрид ќе гостува на претстојното, 52-ро издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”, кое од 9 до 16 јуни ќе се одржи во Прилеп. Оваа претстава ќе биде нашиот адут за награда во категориите најдобра машка и женска улога и режија. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука