мај 29, 2017

Охрид, 29. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Украдени 15 садници од Спомен паркот на НОВ.

Имено, по повод Денот на ослободувањето на Охрид, на 7-ми ноември минатата година Акцијашкиот клуб “Брег на младоста” со своите млади членови, во Спомен паркот на револуцијата ја реализира акцијата “31 туја за 31 паднат борец при ослободувањето на Охрид“.

PlocaJasnaRisteska

Викендов забележавме дека група вандали на нечовечки начин украле 15 туји, притоа непочитувајќи ја историјата на паднатите млади животи, заштитата на флората во НП “Галичица”, но и младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето дело, истакна Теа Петковска, претседател на клубот на млади при здружението Акцијашки клуб “Брег на младоста”.

TeaPetkovska
– Вандалите не можат да откорнат и украдат садници колку што ние можеме да посадиме. Нашата волонтерска мисија продолжува со уште поголем ентузијазам, желба и младешка енергија.  Се надевам релевантните институции како СВР Охрид и НП “Галичица” ќе превземат соодветни мерки како би се расветлил и не би се повторил овој немил чин,
потенцира Петковска.

Инаку, ова не е прв пат да се крадат или уништуваат млади садници и зелени површини на различни локации во Охрид.

Од Акцијашкиот клуб “Брег на младоста” најавија дека веќе во текот на следната недела ќе организираат акција за обнова на паркот со засадување нови садници. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука