мај 30, 2017

Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишниот Ј.Б. и против правното лице „Градинар” ДЗППП увоз извоз АД Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Во текот на 2016 и 2017 година на парцела на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за градба издадено од надлежен орган, извршиле надградба на објект. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука