Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – ТАВ Македонија донесе пет влијателни турски блогери на четиридневна туристичка посета на Македонија, со цел да им ги покаже убавините на земјата како туристичка дестинација и да привлече повеќе туристи од Турција во Македонија.
Популарните и влијателни пет блогери, се дизајнирани да промовираат и покриваат повеќе места за разгледување и културно- историски знаменитости, меѓу кои Охрид и Вевчани.
Исто така за понуда за посета се и Маврово, Дебар, Битола.
Блогерите се познати меѓу турските корисници на социјалните медиуми под имињата: ,,yoldaolmak’’, ,,kesfetsek’’, ,,bizevdeyokuz’’ and ,,birhayalinpesinde’’ , чија поблика надминува повеќе од еден милион следбеници на Фејсбук и Инстаграм, како и на нивните блогови, пристигнаа во Македонија на 24-ти мај и престојуваа во земјава се до 28-ми мај.
Како што објаснуваат од ТАВ Македонија, оваа иницијатива е само еден дел од вкупните маркетинг-активности за промоција на македонските аеродроми на најважните меѓународни саеми за туризам и авијација.
– Всушност Турција е најсилниот пазар на туристи за Македонија повеќе години наназад според статистиката за туристички посети во земјава. Но, знаејќи дека најчестите туристи од Турција во Македонија се главно луѓе во старосната група над 60 години, како и бизнисмени од различни компании и индустрии од Турција, нашата цел е да ги допреме срцата на младата генерација луѓе што патуваат со ранци посетувајќи градови и разгледувајќи нови дестинации за време на викендите. Така, нашата идеја беше да ги поканиме највлијателните блогери и феномени на социјалните медиуми во Турција со цел да допреме до т.н. ,,Z’’ генерација на млади луѓе кои користат Интернет, преку најпосетуваните туристички блогови и страници на социјалните мрежи кои имаат над 1 милион активни следбеници. По 4-дневната посета и планираните интернет-интеракции во рамки на заедниците на нашите гости, очекуваме да допреме до 2,5 милиони потенцијални нови гости од Турција во Македонија. Знаејќи колку убава е Македонија, со воодушевување сакаме да ја споделиме оваа убавина со младата генерација во Турција и да ја поддржиме промоцијата на македонскиот туризам на еден од најважните дојдовни туристички пазари за Македонија. Евалуирајќи ги резултатите од оваа активност, планираме истата да ја примениме и на други важни пазари – односно земји од кои доаѓаат туристи во Македонија, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Како резултат на ваквите маркетинг активности на ТАВ, во 2016 година еден од најголемите европски тур-оператори Томас Кук почна да лета од охридскиот аеродром, носејќи туристи преку чартер-летовите Брисел-Охрид, додека во исто време минатата година израелската авиокомпанија Аркиа почна со чартер-летовите на релација Тел Авив-Охрид. Годинава пак, почнувајќи од 22. јуни, најголемиот полски тур-оператор Рего-бис ќе почне со чартер летови од Катовице до Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива