мај 30, 2017

Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст од Охрид го најавува четвртото издание на Меѓународниот Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.

Целта на овој Театарски Фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави.

– Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството, информираат организаторите.

Младинскиот театарски фестивал ќе се одржи од први до 4-ти јуни. Свеченото отворање ќе се одржи во четврток со почеток во 20:30 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука