Охрид, 30. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Силно невреме го погоди Охрид нешто по 18:00 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.
Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците. Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.
Во стариот дел на градот, во најниските делови, дел од угостителските објекти се заштитуваа со вреќи од надојдената вода.
Погледнете дел од фотографиите:
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 19