јуни 1, 2017

Охрид, 01. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Училишната трка денес го најави првото издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“.

Учествуваа ученици од деветто одделение од охридските основни училишта. На патеката во должина од еден километар прв на целта во машка конкуренција пристигна Наум Танески, додека кај девојките најдобра беше Стефанија Ристеска. На второто место кај машките се пласира Мартин Шапкароски, а трет заврши Цвете Танаскоски. Марија Устијаноска трката ја заврши на втората позиција, а трета беше Кристина Костеска.

trka 3trka 5trka 6На денешната трка учество зедоа и дел од учесниците во талент шоуто Ohrid SUPERSTAR. Остатокот од екипата на шоуто и Супер радио ќе трчаат и на трките закажани за во недела.

trka 2Билјана Буџакоска финалист на Ohrid SUPERSTAR

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“ училишната  трка ја организира во соработка со Сојузот на училишен спорт – Охрид и охридските основни училишта.

– Целта на Асоцијацијата е здрав и среќен живот, а рецептот за такво нешто е спортот. Затоа сакаме спортот да го етабилираме во сите основни училишта и школската трка да биде синоним за Охрид, истакна Јоне Станкоски.

Тој ги повика охриѓани во недела улиците низ Охрид да ги искористат за спорт, забава и дружење и да им дадат поддршка на учесниците на трката.

trka 4За во сабота е предвидено делењето на стартните пакети на учесниците, кое ќе се реализира на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука