јуни 1, 2017

Охрид, 1. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од III година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во периодот од 25-ти до 30-ти мај реализираа завршна екскурзија во Италија.

– Екскурзијата беше изведена  во согласност со годишната програма за работа на училиштето и правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта. Во рамки на петдневната екскурзија, 90 ученици и 4 наставници според програмата ги посетија националниот парк Плитвички езера, градовите Верона и Венеција во Италија и Постојнска јама во Словенија, при тоа развивајќи позитивен однос кон националните, интернационалните, културните и естетските вредности, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука