Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро ќе биде организирана во сабота и недела на плажата „Св. Стефан“, информираат од СНК „Врело“.
Целта е да се придонесе во будењето на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата и зачувување на чистотата на водите и заштитата на целокупната околина.
Под слоганот „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“, ова е втора од предвидените десет акции за подводно чистење на водите.
Од СНК Се повикуваат граѓаните да учествуваат во акцијата што ќе започне утре во 12:00 часот и в недела од 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24