Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со празнична богослужба и традиционалното носење на крстите, денеска во охридското село Куратица, свечено беше одбележан празникот Св. Талалеј.
Овој празник традиционално го слави целото село.
Свети Талалеј бил христијански светец, од татко Верукија, а мајка Ромилија, родум од Ливан. По занимање бил лекар. Настрадал за Исус Христос во својата осумнаесета година за време на владеењето на Нумеријан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24