Кочани, 3. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со прогласување на најдобрите претстави и поединци денес завршува годинешниот Драмски аматерски фестивал во Кочани, на кој се претставија и охридски актери.
На фестивалот настапија аматерски драмски групи од Кичево, Битола и Охрид.
Драмската група „Аматер“ од Охрид се претстави со текстот на Дејан Дуковски „Буре барут“ во режија на Јован Цветковски. Вечерва, на последниот ден од фестивалот ќе бидат соопштени наградите за најуспешна претстава во целина, режисер, машка и женска улога.
Во чест на наградените вечерва ќе се одржи и ликовен перформанс на Сергеј Андреевски и музички хепенинг под наслов „Ние(запирка другарите)“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19