јуни 4, 2017

Охрид, 4. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши првото издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“, за која организаторите велат дека се убедени дека ќе прерасне во традиција.

– За прва година е голем успех. Охрид сам по себе дава тоа што го дала природата, културата, историјта, ние треба само тоа да го негуваме. Оваа година имавме 430 учесници што како бројка не изненади и нас. Верувам дека веќе од следната година ќе зборуваме за уште поголеми бројки. Но, за овој настан да расте треба многу чинители да бидат сплотени. Покрај домашните, она што особено не радува е што имавме учесници од Романија, Холандија, Италија, Украина, истакна првиот човек на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-Сите за спорт“, Иван Цветкоски.

Ohridtrcat2Според инструкторот по аеробик, Љупчо Ѓуроски ваквите настани се многу важни за здравиот раст и развој на децата. Уште од рана возраст децата да се научат да го сакат спортот. Покрај тоа, ваков тип манифестации се значајни за промоција на градот.

– Оваа иницијатива верувам дека традиционално ќе се одржува. За почеток е одлично, а тоа може да се види и според атмосферата, истакна Марино Гогов, кој беше учесник на трката.

Учество на трката зедоа и десетина членови на планинарската еко група „Турни ме да кинисам“ од Битола. Со големо задоволство сме овде. Целта на нашето учество е да ги поттикниме младите на здрав живот и рекреација, рече Златко Крвалески.

Zankotrcat

Ohridtrcat3

Zracidnevencentar

O.UBratstvo

Tamarotrcat

StrezoOhridtrcat

Во категоријата тим билдинг, во женска конкуренција победи Здружението „Мозочен удар“, додека кај мажите, победници беа членовите на фитнес клубот Фит Форм.

Fitform 1

Zdruzeniemozocenudar

На рекреативната трка во должина од 5 километри, во женска конкуренција првото место и припадна на нашата Јована Целеска, втора беше Елена Стојческа, а третоплсирана Ирена Скендероска. Кај мажите најбрз беше Пепи Анакиев, втор Богдан Цветкоски, а третопласиран Мики Цветкоски.

Mazi5km

Zeni10km

Mazi10km

На професионалната трка од 10 километри најбрзо на целта кај жените пристигна Адријана Поп Арсова, втора Весна Кираџиева, а трета Билјана Кираџиева.

Во машка конкуренција победи Дарио Ивановски, на втората позиција се пласира Милош Ранчиќ, а третото место го освои Кокан Ајаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука