Охрид, 4. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на Супер радио и претставници на шоуто OhridSUPERSTAR денеска беа дел од „Охрид трчаТ“ во знак на поддршка на лицата со ретки болести.
Дел од трката беа победничката на шоуто OhridSUPERSTAR, Ирма Гогова, финалистката Билјана Буџакоска, како и членови од жирито.
Екипа на Супер радио предводена од DJ Regie Rules беше задолжена за музичкиот дел на програмата, а радиото и порталите од групацијата, периодов наназад медиумски комплетно го поддржа и покри овој настан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 69