јуни 5, 2017

Охрид, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Како го искачив К2“ на алпинистот Здравко Дејановиќ.

Станува збор за личен дневник на авторот за искачувањето на технички најтешкиот врв на планетава, врвот К2. Инаку Дејановиќ е едниствен на Балканот, кој ги има искачено трите најемнентни врва на светот, највисокиот Монт Еверест, споменатиот К2 и најопасниот Анапурна 1.

Промоцијата ќе се одржи во вторник, 06.06.2017 година, во 20:00 часот во Terazza Aquarius во Охрид. Организатор е Здружението З’ш авантура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука