јуни 5, 2017

Охрид, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5-ти јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, охридскиот Црвен крст, преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица“ ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид.

Целта е подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.
Дефилето ќе се одржи денес од пред седиштето на  Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улицата „Димитар Влахов“, Градскиот плоштад и ќе заврши кај плоштадот „Крушевска република“ (кај Чинарот) каде што волонтерите од Црвен крст Охрид ќе читаат еколошки пораки, пораки за хуманост и ќе демонстрираат правилно одлагање и селектирање на отпадот. Учеството во ова дефиле е отворено за секој наш сограѓанин кој ја почитува и сака природата, информираат од Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука