Охрид, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Женски центар “Бисера” ги избра најубаво уредените дворови и дворни површини.
Жири комисијата одлучи наградите оваа година да одат кај Македонка Дервушоска од ул. Живко Чинго бр.17, потоа кај Жељка Дескоска од ул. Дејан Војвода бр. 107, како и дворот на Тања Мурџоска на ул. Пирин Планина бр. 26.
Женскиот центар “Бисера” конкурсот го распиша по повод 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина со цел да се поттикнат граѓаните да дадат свој придонес за почист и поуреден Охрид, во пресрет на туристичката сезона.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЖЦ “Бисера”
Прочитано: 43