јуни 6, 2017

Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните ќе го кажат своето мислење за состојбата на животната средина и како да придонесат кон подобрување на истата.

Денеска од 12 до 15 часот на плоштадот “Чинар” ќе се спроведува анкетата “Вашето мислење значи“.

Истражувањето е дел од проектот „Активирање на граѓаните за грижа кон животната средина“,финансиран од Регионалниот еколошки центар за централна и источна Европа. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука