Струга, 6. јуни 2017(ОХРИДПРЕС) – Деновиве повторно гореше струшката депонија.
Од Граѓанската иницијатива “Доста” на координативен состанок одлучиле уште еднаш да го кренат гласот против овој проблем.
– На состанокот учество зедоа 30-на граѓани кои го споделија своите мислења ставови и предлози за решавање на проблемот, но не се остварија надежите на граѓанската иницијатива дека на состанокот ќе учествуваат и стручни лица (биолог,екологист, лекар) кои би укажале на последиците од горењето на депонијата по животната средина и по здравјето на луѓето, велат оттаму.
Од Граѓанската иницијатива “Доста” информираат дека протестниот марш е закажан за утре од 16.30 часот. Протестот за чист воздух ќе започне од паркингот кај кафе бар „Пливалиште“, а ќе заврши на кружниот тек на влезот во Струга.
Граѓаните на Струга излегоа на протест и после Велигден кога беше запалена депонијата, а стружани се гушеа во чад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива