јуни 6, 2017

Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Св.Наум ќе ги додели Инженерските прстени на најдобрите дипломирани инженери на техничките факултети во земјава.

Ова признание се доделува по 14-ти пат, а годинава ќе го добијат 15-на најдобри дипломци.

Настанот е во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и Инженерската институција на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука