Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тероризмот е најголемата безбедносна закана на денешницата.
Со конфликтот можеме да се справиме само доколку изградиме единствен став кон него. Ова меѓу другото беше потенцирано на 8-та Меѓународна научна конференција од областа на безбедноста на тема „Безбедносни концепти и политики – новата генерација на ризици и закани“.
Според експертите по беззбедност кои зедоа учество, земјава и воопшто Балканот не се мета на терористички напади, но може да бидат потенцијално жариште.
Европскиот континент е една целина во која сите делови се меѓусебно зависни. Само со меѓусебна координација може да се одговори на безбедносните предизвици, истакна во своето обраќање министерката за образование Рената Тренеска Десковска.
Малите градови полесно се контролираат, големите градови потешко се контролираат. Затоа тие одбираат централни места, главни градови, големи градови, економски центри и т.н, потенцира продеканот на Факултетот за безбедност- Скопје, Никола Дујовски.
Според него членството во НАТО носи безбедност, особено за помалоте држави.Политиките кои државата самата ќе ги спроведе за да ги исполни критериумите за членство во НАТО се доволен гарант дека Република Македонија ќе изгради силен безбедносен систем.
Марко Ломбарди од Католичкиот универзитет од Милано, истакна дека или треба заеднички да дејствуваме против тероризмот и да преживееме како европејци или да не снема секој поединечно.
На конференцијата учествуваа над 120 професори и експерти од 15 земји од светот, а беа презентирани и повеќе од 100 трудови од областа на безбедноста. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива