Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дајана Сиљаноска и Марија Петреска, ученички во трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вратија со први места од Меѓународен фестивал за поезија и проза во Србија.
Имено, овие две ученички зедоа учество на 8-от Меѓународен фестивал за поезија и проза „Јанош Сивери“ што се одржа во Нови Сад.
Нашите надежни литературн творци се подготвуваа под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОУТУ „Ванчо Питошески“
Прочитано: 16