Охрид 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид ќе се одржи првата проекција на краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“, во режија на Никица Мишева.
Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски.
Главната улога му е доверена на Ѓорѓи Чинго, а во останатите улоги се појавуваат Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и Мирко Томовски. Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман и Тони Нически, монтажер.
Филмот премиерно ќе биде прикажан утре во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28