Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – 53-годишниот Н.П. од Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот во март годинава набавил наркотична дрога марихуна и по претходен договор и негови инструкции со веќе кривично пријавениот Е.П.Е (54) од Струмица за одреден паричен надомест отишол во Скопје, се сретнал со С.Т. (45) од Скопје (веќе кривично пријавен), и ја презел дрогата со цел да ја преподаде. На враќање кон Струмица Е.П.Е., кој патувал со меѓуградски автобус, бил легитимиран и претресен од страна на полициски службеници. Притоа, била откриена најлонска ќеса во којашто имало осум пакувања со марихуана во вкупна тежина од еден килограм и седумстотини грама. Пријавениот Н.П., кој е член на организирана криминална група, кој во моментов е недостапен на органите на прогон, информираат од МВР.
Од страна на Судија на претходна постапка на Н.П. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)
извор: МВР фото: архива