Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Активниот состав на Полициската станица при СВР Охрид, утре ќе изврши вежбовна активност за боево гаѓање со автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“ со почеток од 08:00 часот.
– Активноста ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“, информираат од СВР Охрид.
Тие испраќаат апел до граѓаните доколку, во овој временски интервал се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива