јуни 6, 2017

Охрид, 6. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката во IX одделение во ОУ „Христо Узунов“ Христина Митреска, под менторство на наставничката Виолета Китеска освои златен медал на јуниорската математичка олимпијада (ЈММО).

На натпреварот учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одделение основно и I година средно).

– Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката Христина Митреска влезе во тимот на Македонската репрезентација на XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО), што ќе се одржи во Варна, Република Бугарија, во периодот од 24-ти до 29-ти јуни 2017 година каде ќе учествуваат најдобрите математичари од 21 држава, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука