Охрид,7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниов викенд во Охрид ќе се одржи Националното поединечно првенство во атлетика за сениори/ки.
Натпреварите ќе се одржуваат на стадионот при СРЦ “Атина Бојаџи” и тоа во сабота од 17 часот, а в недела од 10 часот.
Овој последен натпревар ќе биде критериум и своевидна виза за престојното Европско екипно првенство (3 лига) кое ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Марса, Малта. Ќе можат да се пријават и учествуваат атлетичари родени 2001 година и постари доека кај фрлање ѓуле и кладиво мажи, натпреварувачи родени 1999 година и постари.
Организатор е Атлетската федерација на Македонија,а првенството е согласно календарот за натпревари за оваа година. Како технички организатор се јавува Атлетскиот клуб “Охрид”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива