Охрид, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – По објавувањето на веста за „планината“ од градежен шут на OhridPress, комуналните служби веднаш ја отстранија мини депонијата во близина на Пожарната во Охрид.
Надлежните се активираа, сега останува и на граѓаните да научат кога, каде и како да го одлагаат градежниот шут и кабастиот отпад. Треба да имаме на ум дека вработените во комуналното претпријатие во Охрид не се единствените кои се грижат за чистотата во градот. Граѓаните се оние кои најмногу треба да внимаваат на чистотата, но и инспекторатот кој конечно треба да започне да дели казни за оние на кои загадувањето на околината не им значи ама баш ништо. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 20