Охрид, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фондацијата „Македоника“ од Скопје, во петок на 9-ти јуни, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе го промовира проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“.
Овој проект фондацијата „Македоника“ го организира во соработка и со финансиска поддршка на „Цивика Мобилитас“, а преку истиот во периодот од 12 месеци почнувајќи од 01.06.2017 до 31.05.2018 се очекува многу млади автори за прв пат да ги објават своите дела. Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од етничките заедници во Република Македонија и дијаспората. А жанрот со кој ќе се претстават не е ограничен, поезија, проза, драма.
Во рамките на „дигиталната библиотека“ ќе биде организиран и социјален форум во кој читателите ќе коментираат и отценуваат, а најдоброто дело ќе добие специјална награда, електронски читач – таблет.
Промоцијата ќе започне во 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес