Охрид, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кон крајот на овој месец, Охрид за прв пат ќе биде домаќин на Brazilian Jiu Jitsu турнир.
– Турнирот ќе се одржи на 24-ти јуни во спортската сала „Атина Бојаџи“ во Охрид. Станува збор за силен турнир на кој ќе се настапува по официјалните IBJJF правила, информираат организаторите.
Бразилската џиу џица произлегува од џудото. Како вештина е доста застапена во такаречено сега поново време, млада вештина која сеуште се развива и е во експанзија. Најчесто се работи спортската бразилска џиу џица, тоа значи дека ударите се исклучени. Се работи најчесто на фрлања, борба за позиција и партерна борба, целата контрола на тело, на екстремитети се`до завршување со некаква полуга или зафат. Борбата некогаш е временски ограничена, некогаш е на поени, но тоа зависи од конкретниот натпревар и категоријата.
Повеќе за оваа вештина од интервјуто со Ненад Ристевски, член на клубот Roots BJJ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива