јуни 8, 2017

Охрид, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Паркирани автомобили по тротоарите, „привремено“ застанати до велосипедски патеки… Ваквата сообраќајна „култура“ на поедини возачи создава гужва и застој во центарот на Охрид.

Велосипедските патеки се покажаа како убава идеја, но реално го стеснуваат коловозот во овој дел на градот. Често пати се случува оние за кои се наменети, велосипедистите, да се движат по коловозот.

soobrakaj 1Ова претставува проблем и сега. Честа е глетката на привремено застанати возила, веднаш до велосипедската патека, под изговор „само за кратко, одам до продавница“ или „ да го земам детето од градинка“. Сето ова придонесува за сообраќаен метеж по улиците како „Македонски просветители“ и „Димитар Влахов“, кои се едни од главните сообраќајни артерии во Охрид.

Ако во овој предсезонски период имаме ваква состојба, можеме само да замислиме како ќе биде во текот на летните месеци. Доколку навреме не се преземат мерки да се санкционира ваквото самоволие на поединци и да проработи свеста кај нив, проблемот ќе биде уште поизразен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука