јуни 8, 2017

Охрид, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишниот A.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка“.

На 6-ти овој месец, околу 01:20 часот, пријавениот дошол во пекара во ТЦ „Амам“ и барал од продавачките нешто за јадење без да плати. Еден од вработените кој работел во пекарата се јавил кај својот татко, 42-годишниот Д.Ф.  по што тој веднаш тргнал кон пекарата, но бил пресретнат од пријавениот кој во раката држел нож почнал да вика на висок тон и да му упатува закани и навреди, затоа што наводно продавачките во пекарата не му давале јадење.

Д.Ф се обидел да го смири по што тој го ставил ножот во џеб, но во еден момент со тупаница го удрил по лицето по што побегнал. Д.Ф. се упатил во Медицинскиот центар во Охрид заради укажување на лекарска помош по што настанот го пријавил во полиција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука